ВИДЕО | Кабул пред капитулација, силна експлозија во близина на владини згради и амбасади

Силна експлозија денеска го погоди центарот на главниот град на Авганистан, Кабул, објавија новинарите на Ројтерс.

Наводно експлозијата се случила во близина на дипломатските простории и плоштадот каде што се наоѓаат многу владини згради, вклучувајќи ја и претседателската палата, како и бројни амбасади и светски медиуми.

Судирите меѓу авганистанските сили и Талибанците ескалираа низ целата земја, а Талибанците заземаа контролни пунктови, трговски и инфраструктурни објекти.

Видео на денот