Наоми Вотс ги сподели „тајните“ за нејзината безвременска убавина

Instagram

Познатата холивудска актерка Наоми Вотс (52) со нежни црти на лицето и необична убавина, редовно добива комплименти за нејзиниот младешки изглед. Многумина ја паметат по одличните улоги во филмовите како „Mullholand Drive“ или „21 Grams“ е една од оние дами на кои возраста навистина им е само бројка, бидејќи секогаш изгледаат неверојатно.

Актерката израснала во Австралија, а својата убавина како што вели таа, ја должи на ритуалите за убавина и на редовната хидратација на кожата, но и на целиот организам.

Instagram
Instagram

Наоми е приврзаник на т.н. „чиста убавина“ – тренд кој се фокусира на најприродните производи кои содржат што помалку токсични состојки и се пакувани во еколошки амбалажи.

Вотс, која годинава го прослави 52-от роденден, може да се пофали со сјаен тен, за што е одговорна, покрај секојдневната нега на кожата и водата за пиење.

Instagram
Instagram

Имено, актерката вели дека најдобриот совет што некогаш го добила е да пие два литра вода секој ден, на што се придржува и секогаш нанесува крема со заштитен „UV“ фактор 30 на кожата, без оглед на сезоната. Покрај тоа, таа се обидува да спие осум часа.

Иако и самата признава дека би сакала да има помалку брчки, таа вели дека со текот на времето научила да го прифаќа тоа.

Instagram
Instagram

Едноставно мора да го прифатите процесот на стареење“, вели Наоми, која постојано ја негува кожата со креми и козметички третмани.

Во слободното време, актерката вели дека избегнува многу шминка и прибегнува кон начинот минимално шминкање за што ѝ биле потребни само пет минути.

Instagram
Instagram

Што се однесува до фризурата, таа не е склона кон големи експерименти, па веќе некое време се држи до класичната „боб“ фризура во различни варијанти, што навистина одлично ѝ одговара.

Во нејзиното последно интервју, таа призна дека никогаш не била фанатична приврзаничка на вежбањето, но со влегувањето во 50-тите години, како што вели, се смениле некои работи.

Како што стареете, мора повеќе да работите на себе за да го задржите мускулниот тонус. Па, сега работам многу понапорно и тренирам“, објаснува Вотс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот