Намалени казните на обвинетите за убиството на Саздо од 19 на 16 години

Фото: МИА

Намалување за три години добија обвинетите за убиството на Никола Саздовски – Саздо, од 19 на 16 години.

Оваа вест ја потврди и адвокатот на семејството на Саздо, Ванчо Шехтански кој на својот „Фејсбук“ напиша дека казната е намалена, и дека сега ќе следува Врховен.

„Денеска извршителите на убиството на Никола Саздовски, од Апелациониот суд добиле намалување на казните од 19 на 16, оти биле превисоки??? Сега следува Врховен“, напиша Шехтански.

За убиството на Саздо беа осудени Бесир Беља и Скендер Демири, додека третиот Јетон Љужа е недостапен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот