Намален водостојот на Дојранското Езеро

Фото: Википедиа

За еден сантиметар е намален водостојот на Дојранското Езеро во споредба со вчера, додека нивоата на другите две природни езера се исти како вчера.

Со тоа, според последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостојот на Дојранското Езеро е за 2,84 метри повисок од просекот за март, додека нивоата на Охридското и Преспанското Езеро се пониски од просечните. При тоа, водостојот на Преспанското Езеро е за 1,71 метри понизок од повеќегодишниот просек за март и е на два сантиметри над апсолутниот минимум од 842,25 (мнм). Нивото, пак, на Охридското Езеро е пониско за девет сантиметри од просечното.

Пониски од просечните се и водостоите на повеќето реки во земјава. Исклучок е реката Бабуна на мерното место кај Богомила каде нивото е за еден сантиметар повисоко од просекот за овој период од годината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот