Најуспешниот ски-скокач во историјата ја заврши кариерата

Грегор Шлиренцауер има рекордни 53 победи во Светскиот куп/Вилинген, Германија/8 февруари 2020/Фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Еден од најдобрите ски-скокачи во историјата, и секако најуспешниот во сè што освои, Грегор Шлиренцауер, одлучи да ја заврши кариерата на 32-годишна возраст.

Одлуката дојде бидејќи поради низата повреди во последните години и Австриецот не беше ни блиску до своето ниво.

– Последните неколку месеци беа многу предизвикувачки за мене, на позитивен начин. Поради повредите, имав доволно време и потребното растојание за да се помирам со минатото и да ја прифатам моменталната ситуација. По сè што доживеав како професионален спортист, не ми беше лесно да го објавам крајот на кариерата, но одлуката и моментот ми се чинат правилни – вели Шлиренцауер во соопштението.

Зад него останаа бројни успеси, дури 53 победи во Светскиот куп, што е рекорд на сите времиња. Беше двапати победник на Светскиот куп, двапати победник на новогодишната турнеја „Четири скокалници“, трикратен шампион во ски-скокови, а има и дури 11 медали од Олимписките игри и светските шампионати.

Шлиренцауер успеа да го постигне сето тоа до својата 24 година од животот, последната победа на Светското првенство беше постигната на 6 декември 2014 година во Лилехамер. После тоа, повредите станаа почести, како и психичките проблеми поради кои имаше подолги отсуства од натпреварувањата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот