Најубавата кралица на светот наполни 50 години: Сакам само моите блиски да бидат покрај мене и сите да сме живи и здрави! (ГАЛЕРИЈА)

Фото: Профимедиа

Кралицата Ранија од Јордан го прослави својот 50-ти роденден…

Ова е голема пресвртница за многу луѓе, особено за познатите личности, кои јубилејните родендени ги прославуваат со големи и прескапи забави, со голема помпа, многу гости во луксузни хотели и со премногу подароци, но кралицата Ранија од Јордан не е една од нив.

Фото: Профимедиа

По тешките години, пропратени со големи жртви во светот но и во Јордан поради коронавирусот, кралицата Ранија посака да го прослави својот роденден со своето најблиско семејство, а посака само сите да бидат живи и здрави.

Фото: Профимедиа

Кралицата Ранија за „Холоу“ магазинот даде изјава по повод својот педесетти роденден: „Ова беше тешка година, но благодарна сум на се што мојата земја направи со цел спречување на вирусот Ковид-19 да продолжи да се шири во внатрешноста на нашите граници и горда сум што во секој момент на прво место беше здравјето и зачувувањето на истото. За својот роденден, се додека сум опкружена со своите најсакани и додека тие се безбедни и здрави, не можам да побарам ништо друго“.

Фото: Профимедиа

Кралицата Ранија и кралот Абдула II се верија само шест месеци откако се запознаа на вечерата која ја приредил нивни заеднички пријател, а во брак се од 1993 година. Гламурозната кралица се школувала во Кувајт, а студиите ги завршила во Каиро. Во бракот тие добија четири деца.

За својот 50-ти роденден, кралицата објави досега невидени фотографии од своето семејство…

Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот