Најтрофејниот руски фудбалски клуб го „исмева“ Манчестер сити

„Граѓаните“ беа многу блиску да обезбедат ново финале во ЛШ/Фото: EPA-EFE/Sergio Perez

Манчестер сити беше елиминиран од Реал Мадрид во полуфиналето на Лигата на шампионите. Шампионот на Англија имаше 1:0 на „Сантијаго Бернабеу“ до 90 минута, а потоа Бразилецот Родриго го одведе мечот во продолженија со головите во 90 и 91 минута.

Карим Бензема постигна гол од пенал за вкупни 6:5 и го однесе Реал во финалето, каде ќе игра против Ливерпул.

За менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола ова е многу болен пораз, како минатогодишното финале во ЛШ против Челси.

Најтрофејниот руски фудбалски клуб Спартак Москва ја искористи ситуацијата, во својата објава на Твитер по натпреварот во Мадрид ги исмеа Англичаните.

– Можеме да потврдиме дека имаме ист број трофеи во Лигата на шампионите како Манчестер сити – се вели на Твитер профилот на Спартак.

Секако, ниту Спартак ниту Манчестер сити никогаш во својата историја не ја освоиле Лигата на шампионите.

Анчелоти е единствениот тренер во историјата со пет финалиња во ЛШ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот