Најпродаваната книга во Италија содржи само празни страници

ФОТО: ЕРА

Книгата за ултрадесничарскиот политичар Матео Салвини е на врвот на најпродаваните наслови на италијанскиот Амазон, иако содржи само празни страници.

Книгата „Зошто Салвини заслужува доверува, почит и восхит“ на 110 страници и со цена од 6,99 евра, нуди празни страници и со денови се наоѓа на врвот на листата на најпродаваните книги на италијанската веб-страница.

-Книгата е полна со празни страници. И покрај долгогодишното истражување, не успеавме да најдеме што да кажеме по ова прашање, затоа слободно искористете ја за свои белешки- се вели во описот на книгата.

Авторот е „Алекс Грин, политички аналитичар“ и веројатно се работи за псевдоним. Според Амазон, книгата е објавена во приватна компанија во февруари 2009 година.

Очигледната шега го привлече вниманието на многу италијански медиуми, вклучувајќи ги „Ла Штампа“, „Ла Република“, „Ил Фато Котидиано“ и „Соле 24 Оре“.

Критиките на Амазон се претежно позитивни, а просечната оценка е 4,7 sвезди.

– Долготрајно и напорно читање, но вредеше – пишува еден потрошувач.

На некои, сепак, не им се допаднала шегата.

– Пишувам за да ви кажам дека ова е празна книга продадена во заговор со левичарскиот Амазон само за забава на левичарите – напишал човек кој ја оценил книгата со само една ѕвезда.

– Ја купив само за да пишувам лошо за неа. Не треба да ја купувате! – додава купецот.

Салвини (47) е лидер на партијата Лига. Политичарот кој го подели општеството е познат по неговиот тврд став кон мигрантите и неговата наклонетост кон другите популистички водачи, како што е американскиот претседател во заминување Доналд Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот