Најпосакувана работа ова лето во Шпанија: За 3.000 работни места се пријавиле дури 90.000 лица

Работното време за оваа позиција е од 9 до 15 часот, а платата изнесува 1.500 евра месечно што пак е надпросечно добро за шпанскиот стандард.

Речиси 90.000 Шпанци се натпреваруваат за 3.000 работни позиции како редари на плажи. Работното место се состои од патролирање по плажите и предупредување на туристите да се придржуваат до препораките и мерките и да држат растојание од два метри.

За работните позиции најмногу се пријавиле млади лица бидејќи од една страна тоа е напорна работа на летни горештини, а од друга затоа што токму младите Шпанци се најпогодени од корона кризата. Повеќе од милион Шпанци поради пандемијата ја изгубија својата работа, а половина од нив се помлади од 35 години, пишува „Дојче Веле“.

Работното време за оваа позиција е од 9 до 15 часот, а платата изнесува 1.500 евра месечно што пак е надпросечно добро за шпанскиот стандард.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот