Најпопуларниот женски бенд се распаѓа – Една членка ја напушти групата?

EPA EFE
Фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Џеси Нелсон исчезна пред повеќе од 2 недели од јавноста, а загрижените фанови на групата „Little Mix“ постојано прашуваат што е со неа.

Иако албумот на групата, „Confetti“, е објавен на 6-ти ноември, таа не се огласи на социјалните мрежи, го пропушти финалето од емисијата „Little Mix Search“ и не беше на доделувањето на „MTV“ европските награди со колешките од групата.

По повеќенеделните шпекулации, вчера на Твитер со кратка изјава се огласи портпаролот на групата, Сајмон Џонс.

„Џеси е на продолжен одмор од групата „Little mix“, од приватни здравствени причини. Во овој момент нема да ја коментираме ситуацијата и ги молиме медиумите да ја почитуваат нејзината приватност“, напиша тој.

Останатите членки на групата досега не се огласија, но во објавите по „MTV“ доделувањето изјавија дека Џеси им недостасувала.

Британските медиуми во своите извештаи наведуваат дека Џеси и претходно имала психолошки проблеми, за што говореше во наградуваниот документарец “Jesy Nelson: Odd One Out.”

Во него таа раскажа дека се борела со депресија, пореметување во исхраната и дека се обидела да се самоубие, откако таблоидите и корисниците на социјалните мрежи ја злоставувале поради изгледот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот