Најнови оперативни наоди: Веља Неволја има повеќе од 5 милиони евра, но полицијата не може да му ги заплени

Членовите на мафијашката банда на Вељко Беливук купиле биткоини за повеќе од 5 милиони евра во претходните две години, покажуваат најновите оперативни наоди од истрагата!

Оваа огромна сума пари сега е скоро невозможно да се најде и заплени, бидејќи крипто-валутите можат да се купуваат и продаваат само со посебни кодови познати само на сопственикот! Покрај тоа, вредноста на биткоинот се зголеми седум пати само од минатата година, така што инвестициите на Беливук се зголемија токму толку!

Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ се убиените Црногорци со македонски пасош кои прошверцувале кокаин во вредност од над 300 милиони евра

Извор близок на истрагата за српските медиуми открил дека еден искусен програмер бил меѓу 20-те членови на бандата на Вљља Невоља, кои беа уапсени на 4 февруари.

– Тој млад човек му помогна на Беливук во набавката на шифрираната апликација „Скај“, преку која членовите на бандата комуницираа и испраќаа снимки од тортурата и касапењето на жртвите. Сепак, се сомнева дека програмерот му помогнал на Веља да сокрие значителен дел од парите од криминалот со купување криптовалута преку шифрирани и тајни податоци. Се проценува дека на тој начин биле скриени најмалку 5 милиони евра – објаснува изворот и додава дека тоа е само мал дел од парите што бандата на Веља ги заработил од продажба на дрога, рекет и други злосторства.

– Се верува дека голема количина пари биле закопани на тајни локации низ цела Србија, а веројатно станува збор за најмалку десетици милиони евра – наведува изворот.

Адвокатот Александар Милосављевиќ, поранешен заменик во Обвинителството за високотехнолошки криминал на Србија, објасни дека примарниот интерес за купување криптовалути е „неможноста да се следи потеклото на парите“.

Мафијашки пресметки во Црна Гора: Ќе го разнеселе со 3,2 килограми пластичен експлозив

– Друг не помалку важен мотив е можноста за плаќање со криптовалути без да се провери потеклото. Фактот дека вредноста на овие криптовалути расте вртоглаво е само бонус во сето тоа – рече Милосавjeевиќ.

Да потсетиме, полицијата во соработка со БИА го уапси Вељко Беливук, водачот на партизанската навивачка група „Принципи“, како и Марко Миjковиќ Марет (29) и 20 нивни најблиски соработници, по неколкумесечно следење на 4 февруари.

Илон Маск им постави прашање на твитерџиите, па цената на оваа криптовалута „одлета“ во небото

Беливук и неговата банда се обвинети за повеќе убиства, изнуда, осакатување на жртвите- сечење на делови од телото, мелење на жртвите во машина за мелење месо, прскање со отровна киселина на ќиви тела, рекет и трговија со дрога.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот