Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ се убиените Црногорци со македонски пасош кои прошверцувале кокаин во вредност од над 300 милиони евра

Кокаин

Убиството на Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ, водачи на озогласениот Шкаљарски клан го потресе регионот кое се случи на 19 јуни минатата година во Атина. Медиумите пишуваа дека тие влегле во Грција со лажен пасош, но не се знаеше за каков станува збор. Вчера емисијата „Код“ објави дека тие поседувале македонски пасош и оти со него влегле во Грција.

Дедовиќ и Стаматовиќ беа изрешетани во еден ресторан додека седеа со свои сопруги и децата. Напаѓачите точно знаеле за нивната локација бидејќи сопругите се чекирале на Фејсбук.

Им пукале на двајцата во главите, а во ресторанот влегле мирно, така што сите во првиот момент помислиле дека се гости. И двајацата имаа по 43 години и досега имат прошверцувано кокаин во вредност од над 300 милиони евра.

Има две верзии зошто се убиени. Првата е дека тоа е дело на ривалскиот Кавачки клан, а другата е дека, Игор Дедовиќ, наводно бил вмешан во шверц на 20 тони кокаин 2019 година во Филаделфија и дека тој е виновен за губење на нелегалниот товар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот