Најмоќниот фудбалски менаџер и израелскиот тајкун создадоа португалско чудо

twitter/liganos

Португалската фудбалска јавност е во шок, на стартот од новата сезона, на првото место се наоѓа Фамаликао кој има бод повеќе од гигантите Бенфика и Порто.

Сите се прашуваат како е можно клуб кој пред 10 години играше во петтата лига, а во најсилната португалска лига последен пат играше пред дури 25 години, да биде прв на табелата и по седум кола сè уште да нема пораз.

Одговорот на фудбалските фанови кои се прашуваат која е тајната на Фамаликао, лежи во податокот дека „архитект“ на тимот е најмоќниот фудбалски менаџер, Жорге Мендеш, а е во сопственост на израелскиот милијардер Идан Офер.

– Дури ни во најлудите соништа никогаш не замислував дека еден ден ќе бидеме на врвот на табелата – изјави Рамиро Карваљо, навивач на Фамаликао кој дури 40 години ги следи настапите на својот омилен тим.

Летечкиот исчекор кон врвот на португалскиот фудбал за Фамаликао почна во јуни минатата година кога израелскиот нафтен магнат Идан Офер ги прифати предизвикот кој му го предложи неговиот пријател, Жорге Мендеш.

Милијардерот Одер кој е сопственик и на една третина од акциите во Атлетико мадрид, одлучи да вложи во клубот кој во тие моменти се наоѓаше на 14. место во втората португалска лига. Тој прво купи 51 процент од акциите, а во моментов поседува 85 проценти.

Година дена подоцна Фамаликао по 25 години чекање, обезбеди пласман во првата лига и со буџет од само 7.5 милиони евра, се наоѓа на првото место на табелата.

Во моментниот состав на Фамаликао има само четворица фудбалери кои беа дел од тимот и минатата сезона, а ова лето суперагентот Мендеш донесе „полн автобус“ со играчи, дури 18 нови фудбалери, од кои 10 се Бразилци.

Тренер на екипата е 48-годишниот Жоао Педро Соуса кој дебитира како главен тренер, а во минатото работел како асистент во Евертон, Хал, Ватфорд, Олимпијакос и Спортинг. Според процентите на трансфернаркет, пазарната вредност на екипата скокна од девет на 21 милион евра.

– Фамаликао има посебен,специјален однос со Мендеш – потврди извршниот директор на клубот, Мигел Рибеиро.

Интересно е што Мендеш сакаше овој проект да го започне во Рио Аве, но беше одбиен па одлучи да соработува со Одер.

– Свесни сме за важноста на Мендеш во овој проект. Без него Фамаликао немаше да привлече толку многу нови фудбалери – смета навивачот Франциско Фонтао.

Клубот е формиран во 1931 година од страна на шест пријателиво индустриски град кој е на 30-тина километри оддалечен од Порто и има 130.000 жители, а првиот противник му е Порто. Најуспешниот период на Фамаликао е во 1990-тите години кога четири сезони по ред играше во првата лига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот