Најмногу ги сакаше ќерките: Пријателите се простуваат со возачот кој загина во судирот со возилото на Баножиќ

Откако дознав дека загинал, сум во голем шок а и членовите на неговото семејство со кои се слушнав. Сите сме многу потресени. Го знам долги години и многу често се дружевме. Многу сакаше големи дружења и често се среќававме на семејни прослави. Секогаш беше човек за забава, смеење. Ги сакаше природата и шумите, беше вреден човек, а најмногу ги сакаше своите две ќерки, вели пријател на возачот кој утринава загина во Хрватска во сообраќајката во која учествуваше сега разрешениот министер за одбрана на Хрватска Марио Баножиќ.

Баножиќ ја предизвикал сообраќајната несреќа во која загина возачот на комбе. Тој бил упатен на лов. Кога во густа магла се обидел да претекне камион, директно се судрил со комбето кое возело во спротивната насока и жртвата од судирот е возачот, 40 годишник. Хрватските медиуми пишуваат дека на Баножиќ му се заканува повеќегодишна затворска казна.

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ денеска го разреши министерот за одбрана Марио Баножиќ поради сообраќајката во која тој учествуваше, а каде загина едно лице. Баножиќ во несреќата која се случи изутринава е тешко повреден но надвор од животна опасност. Но, 40 годишниот возач на комбето кое се судрило со возилото на Баножиќ почина, а сообраќајката ја предизвикал тој, според изјавата на заменичката на државното обвинителство од Вуковар, Билјана Лубуриќ. До несреќата дошло кога Баножиќ во патничко возило почнал да престигнува товарно возило, без претходно да се осигура дека може тоа да го направи на сигурен начин. Од спротива доаѓало комбе, чиј возач загина. Неофицијално, Баножиќ бил тргнат на лов.

Лабуриќ вели дека во текот на увидот се земени примероци на крв и урина и се проверува присутноста на алкохол во крвта но уште не се готови резултатите. Не е уште утврдена ни брзината со која се движеле возилата.

Премиерот Андреј Пленковиќ денеска на прес конференција изрази жалење за несреќата во која загина возачот на комбето и искажа загриженост за состојбата на Баножиќ. Изрази сочувство на семејството на загинатиот возач и вети дека ќе му се помогне на неговото семејство.

Во овие околности кои се вонредни, го разрешив министерот од функцијата и го овластив Здравко Јакоп да ги извршува работите како државен секретар, рече Пленковиќ.

Баножиќ возел патничко возило и немал обезбедување бидејќи не бил упатен на службен настан.  Тој има сериозни повреди на мозокот, стомакот и екстремитетите, но не е во животна опасност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот