Властите на Латвија ги повикаа граѓаните своите подруми да ги претворат во засолништа од воздушни напади

Латвија знаме/ Фото Gints Ivuskans / AFP / Profimedia

Властите на Латвија, балтичка земја што е соседна со Русија, денеска ги повикаа граѓаните да ги претворат своите подруми во засолништа за воздушни напади, по повод традиционалниот национален ден на чистење во земјата.

„Апелираме до сите – при големото чистење, но и потоа – подрумите да можат да се користат како засолништа во случај на потреба “, изјави градоначалникот на Рига, Вилнис Кирсис.

Градоначалникот додаде дека општинските службеници ќе се грижат за шпдарумите што му припаѓаат на градот.

Комисијата за цивилна одбрана во Рига објави дека „подрумите на јавните згради, училиштата, пензионерските домови, болниците и другите градски простории ќе бидат проверени од надлежните органи и ќе бидат подготвени како засолништа во случај на напад“.

„Имаме намера секој месец до крајот на годината да подготвуваме околу 100 засолништа“, соопштија од комисијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот