Демири: Веруваме во визијата на четирите букви СДСМ

Агрон Демири, СДСМ Фото: Демири Фејсбук

За сите оние социјалдемократи, денеска 27 април ги прашувам – ќе се вратиме на режим? Ние, вие и нашиот Социјалдемократски сојуз на Македонија го прифативме резултатот од првиот круг, но нашиот слоган што вели? Не се откажуваме од иднината, рече Агрон Демири, коносителот во изборната единица со број шест Европскиот караван на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Гостивар.

-Веруваме во визијата на овие четири букви  СДСМ. Тие се букви коишто ја направија земјата-членка на НАТО. Тие се буквите кои ги започнаа преговорите со ЕУ, слободата на изразување во општеството. Тоа се букви кои ги зголемија платите, пензиите и што се соочија со многу кризи како економската, енергетската, пандемијата и многу повеќе работи коишто во минатото не беа ни во план за дискусија, а камо ли за нивна реализација. Тие букви ќе ја внесат земјата во ЕУ, а не Дафина од Гостивар. Тоа ќе го оствари Славјанка Петровска со мене, Ема и сите други- рече Демири.

Тој додаде дека СДСМ ги слуша и ги прифаќа забелешките на граѓаните.

-Сите коишто мислат дека во Македонија се уште има надеж, тие сме ние младите и сите останати во општеството, како пензионерите и сите други другари наши. Затоа ве замолувам седнете и разговорајте со сите и земете ја програмата на СДСМ. Имате простор за кандидати за пратеници во Гостивар и бидете сигурни дека иднината е во ваши раце – потенцираше Демири.

Тој заклучи дека од вчера СДСМ почна од нула, а на 8 мај ќе има многу поубави резултати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот