Изборот за бројот 1 е рецепт за успех на државата се друго е продолжена агонија, порача Пендаровски

Фото: Стево Пендаровски

Стево Пендаровски, кандидатот за претседател на СДСМ во рамки на кампањата пред вториот круг од претседателските избори вечерва имаше средба со граѓани на Охрид, пред кои зборуваше за концептот за кој се залага и ја бара нивната доверба, за европската иднина на земјата, наспроти регресивната политика на опозицијата што, според него, ќе ја однесе земјата во изолација.

Тој ја искористи можноста да потсети на годишината од случувањата во македонскиот Парламент, и упадот пред седум години во кој, како што рече, бевме нападнати од истите луѓе што претендираат да ја водат државата.

ВИДЕО | Пендаровски: Наместо да се извини за 27 април, ВМРО-ДПМНЕ најавува амнестија за насилниците

Потсети дека неговиот концепт е за Македонија во која сите се рамноправни, без намерно и вештачки продуцирани делби.

-Само изборот за бројот 1 е рецептот за успех на државата, се друго е рецепт за продолжена агонија, за враќање на режимот кога еден човек, една фамилија, една партија решаваа за судбината за 1,8 милиони луѓе, рече Пендаровски.

Истакнувајќи го својот концепт за Македонија, како земја на сите граѓани, Пендаровски рече дека само тој од седумте кандидати за претседател претендирал да земе гласови од граѓаните од сите етнички заедници, додека останатите кандидати ги барале гласовите само од својата етничка заедница.

-Умешноста е сечиј потенцијал да го искористиме и да ги впрегнеме во заедничката кауза. Заедничката кауза е напредна Македонија, среќна просперитетна, инаку се помалку ќе има млади луѓе. Знаете дека од едниот до другиот попис изгубивме 200 илјади луѓе. И затоа нови делби не ни требаат, рече Пендаровски.

Осврнувајќи се на досегашната работа, Пендаровски рече дека и тој и актуелната политичка гарнитура правеле грешки, но работеле исклучиво во интерес на државата и на граѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот