Ахмети од Кичево: Куќа не се одржува со кредит, ние сме тие што работиме и си обезбедуваме леб

Али Ахмети/Фото: ДУИ

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во рамки на активностите за кампањата за парламентарните избори, ги продолжи средбите со граѓаните во општина Кичево. Пред присутните истакна дека куќата не се одржува со кредит и дека тие што мислат дека можат да држи куќа со кредит, резултатот го видоа на 24 април.

-Некој мисли да одржува куќа со кредити, ние сме тие што работиме и си обезбедуваме леб, тие што размислуваат со кредити, не можат да чуваат куќа и резултатот се виде на 24 април. Ја имавме платформата и фронтот, имавме за кого да работиме, Албанците се обединија во Фронт по 22 години по ред. Фронтот обедини генерации и луѓе кои имаа разлики и овој фронт е долгорочен и не е за една употреба. Да дејствуваме до полноправно членство на земјата во ЕУ, како единствена алтернатива бидејќи немаме друг пат, додека не и кажеме ДА на Европа, нашата определба да бидеме членка на ЕУ за неколку години, како единствено решение за да луѓето не бараат пидобар стандард надвор од земјата, изјави Ахмети.

Кандидатот за пратеник Муса Џафери, пред присутните изјави дека на овие избори победник ќе биде Европскиот фронт, а во петтата изборна единица ќе има над 30.000 гласови.

-Никогаш не сме се сомневале дека Кичево и околината ќе и дадат поддршка на ДУИ бидејќи ДУИ тоа со работа го докажа и не дозволи да се презира и прекрши албанскиот глас. Не се сомневаме дека ќе бидеме победници и дека другата страна не може да не победи. Легитимитетот го дава народот, гласачот, вие давате легитимитет кој ќе управува со државата и тоа не е во рацете на лидерите на другите политички партии кои се обидуваат да водат психолошка војна и тоа не треба да не засега. Да бидеме единствени и ние во зона 5 ќе имаме 30.000 гласови и Европскиот фронт ќе биде втора партија во конкуренција на ниво на зона, рече Џафери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот