Најмалку шест лица загинаа во пукањето на парадата за 4 Јули во Чикаго

Вооружен напад во Чикаго 4 Јули
Фото: Brian Cassella / Newscom / Profimedia

Најмалку шест лица загинаа во вооружен напад денеска на парада во предградие на Чикаго. Според властите, напаѓачот е сѐ уште во бегство.

Полицијата изјави дека најмалку 25 лица се повредени и однесени во болница.

Осомничениот пукал во посетитете на парада од покривот на околните згради. Истражителите го пронашле оружјето со кое бил изведен нападот.

Сцените од немилиот настан покажуаат крв на тротороат и полицајци кои говорат со минувачи. Од видео од посетители се гледа како луѓето бегаат во паника.

Според полицијата, властите во околните места треба да оценат дали да ги откажат прославите планирани за денешниот ден.

Во САД денеска низ земјата се оддржуваат бројни паради по повод Денот на независноста. Настаните лани и во 2020 година беа откажани поради пандемијата на ковид-19.

Извор: МИА

ВИДЕО | Пукање на парада за Денот на независноста на САД

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот