Најлудата ноќ Катица Јанева ја прослави дома

Фото: Драган Митрески

 

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева празниците ги минува дома со своето семејство, објави „А1он“.

Адвокатката Ирена Фрчковска, како што пишува порталот, изјавила дека Јанева, користи привилегии поради тоа што одлежала 1/3 од казната затвор за случајот „Рекет“ во кој беше осудена на седум години затвор поради злоупотреба на службената положба и овластување.

Во „Рекет“ осудени беа и Бојан Јовановски-Боки 13 на казна затвор од девет години и Зоран Милевски-Кичеец на казна затвор од три години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот