Најлудата легенда за бендот Лед Зепелин: Дали позади песната „Stairway to Heaven“ се крие сатанистичка порака? (ВИДЕО)

Инстаграм

Битлси, Лед Зепелин, Џудас Прист, Квин и многу други бендови се обвинувани за користење на скриени пораки кои можат да се откријат со пуштање на плочите наназад. Христијанските групи во Америка ги обвиниле рок музичарите дека во овие пораки ги повикуваат младите да користат дрога и алкохол.

Инстаграм

Но, можеби ниту еден бенд нема поттикната толку приказни, озборувања и урбани легенди како Лед Зепелин, а особено нивната песна „Stairway to Heaven“ кој и денес, скоро 50 години од своето објавување, се наоѓа во безброј плејлисти.

Инстаграм

Сето тоа започнало кога на ТВ, проповедникот Пол Крауч во 1982 година изјавил дека песната „Stairway to Heaven“ свирена наназад звучи вака: „Ова е за мојот драг Сатана/ Оној чиј мал пат ќе ме растажи, чија сила е Сарана/ Тој што ќе им даде на оние кои се со него 666/ Имаше една мала шупа каде што не тераше да патиме, тажниот Сатана“

Кога овие изјави добија медиумски простор, некои мислеа дека се смешни. Други беа ужаснати. Многу слушачи ги премотуваа касетите и тврдеа дека зборовите во песната навистина потсетуваат на она што Крауч го изјавил.

Инстаграм

Роберт Плант, пејач и текстописец за Лед Зепелин ги негирал наводите.

„Кој на светов дури и би помислил да направи такво нешто? Мора да ви е многу досадно кога воопшто ви паднало на памет да помислите дека луѓето можат да направат такво нешто“, изјавил тој.

Бендот се држел до ставот дека доколку постојат сличности, тогаш тие се сосема случајни.

Инстаграм

Но, приказните за скриената порака во песната не престанале. Откако Плант негирал дека го напишал тоа, некои тврделе дека Џими Пејџ всушност ја напишал песната, а како докажуваат наводите – Пејџ бил заинтересиран за магии.

Од неверојатните гитарски соло изведби, до динамичниот глас на Плантов, Лед Зепелин бил и останал еден од највлијателните рок бендови некогаш. А, благодарение на нивните хитови, тоа е бенд кој и понатака живее. Затоа, не е ни чудно што кружат вакви луди приказни за нивната музика.

Но, на Јутјуб може лесно да се најде оваа песна пуштена наназад. Можеби е најдобро секој да ја преслуша и самиот да заклучи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот