Торта со јагоди и пишкоти/Фото: RedNumberOne / Alamy / Profimedia

Најлесниот рецепт за торта со јагоди и пишкоти, им успева и на почетници

Кога копнеете по нешто благо, а не сакате да ја вклучувате рерната и да поминувате часови во кујната, оваа торта без печење е совршено решение.

Комбинацијата од пенеста павлака, сочни јагоди и меки пишкоти дава лесен и освежителен десерт кој успева од првиот пат, дури и на почетници. Уживајте во сочниот и освежувачки десерт!

Состојки:

– 500 мл слатка павлака
– 1 чаша кисела павлака
– 100 г шеќер во прав
– 2 ќесички ванилин шеќер
– 400 г јагоди
– 400 г пандишпан
– млеко по потреба

Подготовка:

Изматете ја слатката павлака додека не стане цврста и пенеста. Во друг сад, измешајте ја павлаката, шеќерот во прав и ванилиниот шеќер, а потоа нежно вмешајте ја изматената слатка павлака.

Jагодите измијте ги и исечете ги на парчиња (ако се замрзнати, претходно одмрзнете ги и исцедете го вишокот течност), потоа додајте ги во кремот и нежно измешајте.

Пишкотите кратко потопете ги во млеко и наредете го првиот слој во сад или калап.

Можете да додадете и рендано чоколадо, мелени бисквити или ореви меѓу слоевите за дополнителна текстура.

Премачкајте дел од филот со јагоди врз пандишпанот, потоа повторно наредете пишкоти и крем. Повторете го процесот додека не ги потрошите состојките, завршувајќи со слој крем.

Оставете го колачот во фрижидер најмалку 2 часа за да се стегне убаво и да се поврзат вкусовите.

Пред сервирање, декорирајте со свежи јагоди или, по желба, со дополнителен шлаг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот