Instagram

Најголемиот снежен лавиринт во светот: Зимска земја на чудата изградена од 60.000 блокови снег

Закопане е град на југот на Полска, на самиот раб на националниот парк Татра, кој, како и планинскиот венец, се протега и низ соседна Словачка.

Ридовите над Закопане се омилено излетничко место во текот на целата година, а во зима овој дел од зелените Татри се претвора во популарно скијалиште и бајковита Снежна земја, зимски авантуристички парк со бројни атракции, во кои уживаат сите посетители, без разлика на нивната возраст.

Фото/Instagram

Покрај скијачките патеки и тобоганите, паркот со скулптури од мраз, вистинскиот снежен замок и палатата на Снежната кралица со кули високи петнаесет метри, тој е дом на најголемиот снежен лавиринт не само во Полска, туку и во целиот свет. Снежниот лавиринт првпат е изграден во 2016 година, а неговата површина надминува две и пол илјади квадратни метри.

Ходниците на лавиринтот се долги цел километар, а неговите ѕидови се високи два метра.

Фото/Instagram

Секако, снежниот лавиринт е само сезонска атракција, како и целата Земја на снегот, која е отворена за посети од јануари до средината на март, освен ако нема неочекувани температурни скокови или топли ветрови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SNOWLANDIA (@snowlandia_zakopane)

Лавиринтот е изграден од 60.000 блокови набиен снег, исто како што се градат иглоата, а посетителите можат да се „изгубат“ во лавиринтот околу еден час.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SNOWLANDIA (@snowlandia_zakopane)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот