Колашин во Црна Гора - Фото: Фејсбук

Најевтините ски-центри во светот: Првиот ни е во соседството, а цените се вистинско изненадување

Додека најголемите и најпознатите зимски центри продолжуваат да наплаќаат високи цени за ски-карти и сместување, низ светот постојат бројни дестинации со многу попристапни понуди. Според нова анализа, Колашин во Црна Гора се најде на врвот на листата на најповолни скијалишта во светот.

Иако последниве години од Колашин често пристигнуваат „шокантни сметки“ од ресторани, кога станува збор за основното што го бара еден скијачки одмор – овој црногорски центар годинава е прогласен за најевтиниот на планетата.

Компанијата „SportsCover Direct“ анализирала повеќе од 50 светски скијалишта, споредувајќи ги клучните трошоци, меѓу кои и цените на дневните ски-карти за возрасни и деца.

Според истражувањето, најповолното скијалиште во светот е Колашин во Црна Гора. Дневната карта за возрасни изнесува само 25 евра, а детската 16,50 евра, што значи дека четиричлено семејство може да скија за 83 евра дневно, пишува „Тајм аут“ (Time Out).

На второто место се наоѓа Дундрет Лапонија – Геливаре во Шведска, а третото го зазема Вија Латеа, скијалиште кое се протега низ Франција и Италија. Ова е целата топ 10 листа:

Најприступачни скијалишта во светот

Колашин – Црна Гора

Дундрет Лапонија – Геливаре, Шведска

Вија Латеа – Франција и Италија

Риксгренсен – Шведска

Тауплиц – Бад Митерндорф, Австрија

Рука – Финска

Нисеко Јунајтед – Јапонија

Вос – Норвешка

Квитфјел – Норвешка

Геило – Норвешка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот