Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски ќе игра во финалето на фјучрсот во Скопје

Македонскиот тенисер Калин Ивановски/фото: mtftennis.mk

Денеска во полуфиналниот меч на фјучрсот во Скопје Калин Ивановски со резултат 2:1 во сетови го елиминираше петтиот носител на турнирот, Ерги Киркин од Турција, по два часа и девет минути игра.

Противникот го освои првиот сет со 3:6, но во следните два возврати најдобриот македонски тенисер и тоа убедливо со 6:2 и 6:2.

Ивановски, кој е четврти носител на турнирот во финалето ќе игра против Французинот Саша Вајенбург.

Третиот носител Вајенбург во полуфиналето по еден час и 26 минути игра триумфираше против Хрватот Вито Тонјец со 7:6 (5) и 6:1.

За францускиот тенисер ова е трето финале оваа година, а пред две недели играше и во квалификациите и на „Ролан Гарос“.

Вајенбург веќе се закити со една титула на сегашниот турнир во Скопје, односно заедно со својот сонародник Антоан Оанг како втори носители се победници во дубл натпреварувањето. Во финалето со 6:1 и 6:2 ја совладаа бугарската двојка Јанаки Милев и Петр Несторов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот