Најдобриот косовски фудбалер ќе игра против Македонија, се опорави од коронавирусот

epa07639659 Vedat Muriqi of Kosovo celebrates after scoring the 2-2 during the UEFA EURO 2020 Group A qualifier soccer match between Bulgaria and Kosovo in Sofia, Bulgaria, 10 June 2019. EPA-EFE/VASSIL DONEV

Ведат Муричи кој се смета за најдобар косовски фудбалер се опорави  од коронавирусот и најверојатно ќе биде дел од неговата репрезентација на полуфиналниот бараж натпревар од Лигата на Нации против Македонија.

Муричи летово од Фенербахче направи трансфер во Лацио, но по враќањето во Истанбул за да ги заврши административните рабори околу работната дозвола, на задолжителниот тест при влез во Турција, откри дека е позитивен на коронавирус и замина во самоизолација.

Денеска Муричи повторно се тестираше и неговиот резултат е негативен, а доколку и утрешниот втор тест биде негативен тој ќе може да замине во Италија и да му се приклучи на Лацио, а со тоа најверојатно ќе биде подготвен за настап и за дуелот со Македонија кој треба да се игра наредниот месец.

Ведат Муричи беше негативен при последното тесстирање на ковид-19. Ќе почека за уште еден тест и доколку повторно е негативен, утре веднаш ќе замине за Рим за да му се приклучи на Лацио. Тоа значи дека ќе може да игра против Македонија“, објави Фудбалската федерација на Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот