Најчевска: Сите судии што учествуваа во застарувањето на случаите на Мијалков се криминалци како него

Секој од судиите кои учествуваа во застарувањето на овој и сите други случаи на високи функционери е криминалец на исто рамниште со Мијалков, напиша на Фејсбук професорката Мирјана Најчевска, коментирајќи ги денешните настани и одлуката на Апелација која практично значи дека на поранешниот шеф на тајната полиција ќе му застари делото во случајот „Титаник 2“.

„Додека не се ослободиме од овие судии, нема да можеме да мрднеме од дното. И секој висок функционер кој ќе спомне дека работи на владеење на правото и воспоставување на правната држава е криминалец кој шурува со Мијалков. Од прв до последен“, пишува Најчевска.

Претходно, министерот за правда Кренар Лога кој изјави дека жали што се дозволило да застари предметот.

Лога повика на итни поефикасни мерки и реформи а спречување на застарување на судските предмети преку одложување на судските процеси.

Во судот денес поради неуредна покана за обвинетите и адвокатите, се одложи јавната седница за предметот „Титаник 2“. Следното рочиште беше закажано за 13 април, а делото на Мијалков застарува една недела претходно. Случајот „Титаник 2“ за изборните нерегуларности двапати беше во Кривичниот суд и вторпат е во Апелација. Мијалков се гони за примање награда за противзаконито влијание.

Апелација ја одложи седницата за „Титаник 2“ за 13 април, на Мијалков делото му застарува на 7 април

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот