Најбрз начин да се ослободите од стресот: Ориентална техника за опуштање

Profimedia

Стресот е еден од најголемите проблеми на современото општество, кој особено лошо делува врз здравјето на луѓето. Во Јапонија, каде што живеат луѓето со најмногу работни обврски, создадена е револуционерна техника која може значително да го намали нивото на замор, нервоза и анксиозност за само неколку минути.

Оваа јапонска техника овозможува ослободување од стресот и смирување во критичниот момент.
Речиси секој возрасен човек носи товар на обврски, постојано губи сила и чувствува хроничен замор, а понекогаш ни се чини дека понормално е да се чувствува стрес отколку среќа.

Ако и вие или некој ваш близок често чувствувате дека сте под стрес, ви препорачуваме да ја пробате оваа ориентална техника за опуштање.

Секој дел од нашето тело има способност за лекување, а особено прстите. Јапонските исцелители го поврзуваат секој прст со одредена емоција или чувство и веруваат дека со масирање на одреден прст или одредена точка од него може да се намали болката во одреден дел од телото, па дури и да се ублажи менталното страдање.

Според нив, доколку само ги составите дланките и притиснете неколку секунди, тоа може да ви помогне да се ослободите од некоја негативна состојба, како што се негативните емоции, па дури и некои болести предизвикани од токсични мисли и чувства.

За подобро да се сфати како делува ова, прво треба да се знае каква исцелителна моќ има секој прст и што може да се постигне преку него.

Палец – анксиозност, возбуда, стрес, грижи
Показалец – страв
Среден прст – лутина, бес
Домал прст – депресија, тага, неодлучност
Мал прст – песимизам, недостаток на енергија, анксиозност

Profimedia

Научното објаснување на ова тврдење се заснова на фактот дека преку нервниот систем на нашите раце се директно поврзани со мозокот, односно со делот одговорен за нашите емоции.

Ако сакате да ја користите оваа техника за да се ослободите од стресот, треба да ја стиснете левата рака, а потоа да ја фатите со прстите од десната и лесно да го притискате прстот кој е поврзан со проблемот што сакате да го решите. Доколку е потребно може да ја повторите постапката.

За да ја балансирате енергијата во своето тело, цврсто фатете го прстот со другата рака и држете го една до две минути. Ќе знаете дека техниката функционира кога во прстите ќе почувствувате пулсирачко чувство.

За да го смирите вашиот ум, потоа притиснете ја и средината на дланката со палецот од другата рака и држете најмалку една минута.

Практицирајте ја оваа техника секојдневно за да останете смирени и да воспоставите рамнотежа во телото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот