Најбогатиот Индиец ги носи Ријана и над илјада гости на предсвадбена забава за својот син

Мукеш Амбани / Фото: SUJIT JAISWAL / AFP / Profimedia

Еден мал град во западна Индија се подготвува за најголемата забава што некогаш се одржала во тоа место. Додека милијардерот Мукеш Амбани се подготвува за венчавката на својот син ова лето, тој очекува милијардери од целиот свет, шефови на држави, членови на кралското семејство, како и славни личности од Холивуд и Боливуд да присуствуваат на тридневната забава во родниот град на семејството, почнувајќи од петок.

Списокот на гости од речиси 1.200 лица ги вклучува Бил Гејтс, Марк Закерберг, Сандер Пичаи, Иванка Трамп, индиските милијардери Гаутам Адани и Кумар Мангалам Бирла, крикет ѕвезди и боливудски филмски ѕвезди како Дипика Падуконе, Шах Рук Кан, Рани Мукерџи, Салман Кан и Сачин Тендулкар, Ариџит Синг и Дилјет Досанџ.

Ќе ги забавува поп-ѕвездата Ријана, магионичарот Дејвид Блејн и познати боливудски пејачи, пренесува АП.

Забавата ќе се одржи во Јамнагар, град со околу 600.000 жители во речиси пустински дел на државата Гуџарат. Тоа е родниот град на семејството и домот на главната рафинерија за нафта на нивната деловна империја, Релајенс Индустрис. Ќе има и традиционални церемонии во храмски комплекс.

Во средата, семејството Амбани побара организирана услуга за храна во заедницата за 51.000 луѓе кои живеат во околните села.

Анант Амбани (28) треба да се ожени со својата долгогодишна девојка Радика Мерчант во јули. Таа е ќерка на Вирен Мерчант, извршен директор на Енкор Хелткер, и бизнисменката Шаила Мерчант.

Во поканата се вели дека гостите ќе најдат табла со кодексот на облекување за секој ден, со армија стилисти за коса, шминкери и индиски дизајнери на облека во нивниот хотел.

Форбс го наведува Мукеш Амбани како најбогат човек во Азија. Неговиот Релајанс Индустрис е огромен конгломерат, со годишен приход од над 100 милијарди долари, со интереси кои се движат од петрохемикалии, нафта и гас до телекомуникациски и малопродажба.

Индиските тајкуни никогаш не брзаат да ја префрлат палката, но 66-годишниот Мукеш Амбани почна да им го предава раководството на своите синови и ќерката.

Постариот син Акаш сега е претседател на Релајанс Џио; ќерката Иша ја надгледува малопродажбата; а помладиот син Анант е примен во бизнисот со новата енергија.

На листата на гости е и Мохамед Бин Џасим ал Тани, премиерот на Катар, Стивен Харпер, поранешен канадски премиер, како и кралот и кралицата на Бутан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот