Најбогатиот човек во Сингапур е производител на респиратори

Компанијата на Ли Ситинг само од Италија примила нарачка за околу 10.000 респиратори.

Ли Ситинг, претседател на компанијата „Шензен миндреј био-медикал електроникс” е најбогатиот човек во Сингапур. Неговото богатство месечно се зголемува за една милијарда долари откако вредноста на акциите на неговата компанија за производство на медицински апарти, меѓу кои и респиратори, се зголеми за речиси 50 проценти откако се појави пандемијата со новиот коронавирус.

Вредноста на  „Шензен миндреј био-медикал електроникс” од почетокот на годината, според податоци на „Блумберг” се зголеми од 4,3 милијарди на 13,5 милијарди долари.

Компанијата соопшти дека само од Италија примила нарачка за околу 10.000 респиратори, но не соопшти колку чини еден респиратор.

За разлика од производството на медицински маски, за респираторите потребна е висока технолошка специјализација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот