Најбезбедниот прелистувач во светот доаѓа на „Виндоус“

ДакДакГо / Фото: Ascannio / Alamy / Alamy / Profimedia

Веб-прелистувачот „ДакДакГо“ конечно е достапен на „Виндоус“ со јавната бета верзија, девет месеци откако беше лансиран на оперативните системи „Мек“.

„ДакДакГо“ е препознатлив по својата визија да им обезбеди на корисниците безбедно искуство на прелистување веб, почитувајќи ја нивната приватност и отфрлајќи ја практиката на собирање лични податоци.

Компанијата наведува дека прелистувачот „ДакДакГо“ за „Виндоус“ е опремен со речиси сите мерки за заштита на приватноста, како и функции кои се веќе достапни на „иОС“, „Мек“ и „Андроид“ верзиите.

Корисниците на овој прелистувач ќе бидат поштедени од големиот број на прозорци кои бараат согласност за прифаќање на разни колачиња. Има неколку сајтови кои нема да ве „нападнат“ веднаш штом ќе им пристапите, барајќи од вас дозволи што треба да обезбедат персонализирано искуство.

За секоја локација што ја посетувате, „ДакДакГо“ автоматски ќе ги сокрие тие прозорци и ќе постави поставки што ја максимизираат приватноста и го минимизираат бројот на колачиња што ве следат.

Кога посетувате одредени веб-локации, во позадина се вчитуваат низа скрипти кои ја следат вашата активност на Интернет, ИП адресата, па дури и како го користите глувчето и ги притискате копчињата на тастатурата. „ДакДакГо“ го блокира вчитувањето на овие скрипти и на тој начин собира околу 60% помалку податоци од прелистувачот „Гугл Хром“.

„ДакДакГо“ нуди и опција за блокирање реклами, а во исто време отстранува делови од веб-страници наменети за рекламирање, со што се чисти од непотребната содржина.

„Дак Плејер“ е вграден видео плеер за гледање клипови на „Јутуб“ без досадни персонализирани реклами и колачиња. Иако не е целосно анонимен, бидејќи „Јутуб“ успева да снима прегледи од „Дак Плејер“, ниту еден од клиповите што ги гледате нема да влијае на алгоритмот што ви препорачува содржина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот