Фото: EPA-EFE/TOMS KALNINS

Најавена нова евакуација на цивилите во Херсон од страна на проруските власти

Проруските власти во Херсон во јужна Украина денеска соопштија дека започнала нова евакуација на населението во областа каде што украинските сили спроведуваат офанзива.

– Ќе преселиме и префрлиме околу 70.000 луѓе кои во моментов се наоѓаат во зона на 15 километри источно на левиот брег на Дњепар, изјави прорускиот гувернер на Херсон, Владимир Салдо.

Проруските сили минатата недела соопштија дека околу 70.000 цивили ги напуштиле своите домови во Херсон, западно на десниот брег на реката во близина на линијата на фронтот.

Салдо рече дека е донесена одлука повторно да се евакуира населението поради опасност од можен ракетен напад на браната лоцирана на реката, пренесе Бета.

Регионот Херсон е делумно контролиран од Русија, која во октомври го анектира делот што го освои, заедно со уште три други региони на Украина под нејзина контрола.

Украинските сили водат офанзива за повторно заземање на регионот Херсон веќе неколку недели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот