Наиса пресилна за ЖРК Чаир во Европскиот куп

фото: facebook.com/whc.cair

Денеска македонскиот женски ракометен клуб Чаир во првиот натпревар од второто коло во новоформираниот Европски куп загуби убедливо од екипата на Наиса од Ниш.

Во Спортско рекреативниот центар „Кале“ во Скопје, ЖРК Чаир претрпе висок пораз од српскиот претставник со резултат 26:41.

После првото полувреме не се најавуваше толкава висока разлика на крајот, бидејќи на паузата гостинскиот состав имаше само два позитива (15:17).

Во листата на стрелците кај ЖРК Чаир најрасположена беше Анастасија Николовска со 13 голови, четири запиша Марија Николовска.

На спротивната страна 10 погодоци беа дело на Марија Филиповиќ, а четири помалку имаше Сања Стаменковиќ. Реваншот ќе се игра на 17 октомври 2020 година на теренот на противникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот