Наградена есенција на седмиот „Дрим шорт филм фестивал“

Седмото издание на фестивалот на краток филм „Дрим шорт“ под мотото „Неопходна убавина“ се одржа од 14 до 17 август во Струга, а на последната вечер беа доделени наградите.

Фестивалската програма на „Дрим шорт“ беше распределена во четири фестивалски денови, со филмови во четири натпреварувачки категории, и тоа регионална, интернационална, студентска и специјална програма со наслов „Соочување со минатото“ во селекција на режисерот Иван Бакрач.

Најдобар филм во интернационалната програма е „Биг бенг“ во режија на Карлос Сегундо, најдобар филм во регионалната програма е „Тингс анхрд оф“ во режија на Рамазан Килиќ, специјално признание од жирито доби „Литл вејвс“ во режија на Филип Перузовиќ, најдобар филм во тематската програма „Соочување со минатото“ е „Мурдер тонг“ во режија на Али Сохаил Јаура, најдобар филм во студентската програма е „Девил“ во режија на Јан Бујновски, наградата од публиката „МК Спешл“ ја доби „Лајф оф а борд“ на Леона Јариќ, а наградата на работилницата „Fund Ready“ ја освои проектот „Сите наши патувања“ во режија на Горан Калуѓеровиќ и во продукција на Алекса Бујисиќ.

На фестивалот се одржаа две панел-дискусии на тема „Соочување со минатото“ во соработка со „Форум ЗФД Скопје“ и на тема за заштита на животната средина во соработка со „Еко-свест“. „Дрим шорт“ по вторпат беше домаќин на работилницата за краток филм „Fund Ready“, како дел од регионалната мрежа на фестивали за краток филм „Balkan Short Film Network“.

Фестивалот беше реализиран во соработка со Министерството за култура, Агенцијата за филм, „Форум ЗФД Скопје“, „Вишеград Фонд“, „Јуроп хаус – Скопје“, „Вестерн балканс фонд“, НУЦК „Браќа Миладиновци“ – Струга, „Еко-свест“, хотел „Београд“, хотел „Дрим“, Струшки вечери на поезијата, мезе-баровите „Кингстон“ и „Барабар“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот