Надежите на Победа не успеаа да испишат историја: Елиминирани од Колерејн во младинската ЛШ

Фото: ФК Победа/Фејсбук

Младинците на Победа не успеаа во желбата да изборат пласман во следната фаза од квалификациите во младинската Лига на шампиони.

Попладнево во Скопје на тренинг центарот „Петар Милошевски“ Победа одигра 2:2 против Колерејн што не беше доволно за следна фаза поради поразот на гости од 3:2.

Денес црвено-белите поведоа рано со голот на Тошески во 6-тата минута, имаа многу повеќе од играта, доминација на теренот, неколку полушанси а најубавата на Дебрешлиоски во 37-та минута. Во вториот дел многу пшомалку возбудувања пред противничкиот гол, а гостите со два брзи гола во 82-та и 87-та минута си обезбедија пробив во следната рунда. На крајот со гол од пенал Тодороски ги постави конечните 2-2.

Во следната фаза Колерејн го чека тежок испит и двомеч против белгиски Генк.

СОСТАВОТ НА ПОБЕДА ЗА ДЕНЕШНИОТ НАТПРЕВАР:
Мариновски, Ѓорчески (од 85 мин Миланоски), Аризанкоски, Ковиловски (од 86 мин. Петејчук), Поп-Антоски, Крстески (од 67 мин Варошаноски), Кочоски, Јакопетревски (од 89 мин. Нанчески), Дебрешлиоски, Тодороски, Тошески

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот