Рафаел Надал - Фото: Alessio Morgese / Alamy live news, Ag.FotoMorAle / Alamy / Profimedia

Надал за тешкиот период од кариерата: Од толку многу лекови, имав проблеми и со цревата

Рафаел Надал отворено зборуваше за најтешките моменти во својата кариера, откривајќи низ какви болки и физички проблеми минувал во текот на долгогодишниот професионален пат.

Легендарниот шпански тенисер призна дека неговата кариера не може да се раскаже без постојаните повреди и хроничните проблеми со кои се соочувал уште од младоста.

„Не може да се разбере мојата кариера без периодите низ кои поминував поради физичките проблеми. Имав проблеми со различни делови од телото, но мислам дека сè започна од стапалото“, изјави Надал за шпанска „Марка“, во пресрет на објавувањето на документарецот за Нетфликс.

Шпанецот откри дека уште во 2005 година, кога имал само 19 години, неговата кариера била доведена во прашање, но специјални ортопедски влошки му помогнале да продолжи да игра.

„Тие влошки ми овозможија да продолжам со тенисот и ме спасија од повреда на стапалото, но истовремено предизвикаа проблеми на останатиот дел од телото. Мислам дека оттаму почнаа сите мои проблеми“, призна Надал.

Освојувачот на 22 грен-слем титули зборуваше и за периодот кога секојдневно користел силни лекови против болки само за да може да настапува на терените.

„Имаше период кога живеев со постојана болка. Често земав антиинфламаторни лекови бидејќи без нив немаше да можам да играм тенис“, истакна шпанскиот ас.

Надал откри и дека прекумерната употреба на лекови сериозно му го нарушила здравјето.

„Имам проблеми со цревата поради големото користење антиинфламаторни лекови. Без сето тоа, мојата кариера ќе изгледаше сосема поинаку“, изјави Надал.

Тој додаде дека во најтешките моменти имал и стручна психолошка помош, а психијатар му препишувал терапија за полесно да се справи со притисокот и болките.

Ѓоковиќ пристигна на Ролан Гарос во обид да ја освои 25 грен слем титула

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот