Надал го преживеа трилерот со Алкараз и се пласира во финалето на Индијан Велс

Рафаел Надал по петии пат во кариерата ќе игра во финалето на Индијан Велс/ фото: EPA-EFE/RAY ACEVEDO

Рафаел Надал ја продолжи победничката серија во 2022 година и по победата над Карлос Алкараз дојде до 20 триумф во низа.

Победата над неговиот наследник му донесе пласман во финалето каде вечерва го чека дуел со Тејлор Фриц.

Надал по три часа и 12 минути игра со 6:4,4:6,6:3 го совлада Алкараз и по петти пат обезбеди пласман во финалето на Индијан Велс.

Алкараз подобро го започна мечот и веднаш направи брејк, додека Надал пропушти пет брејк топки во наредниот гем. Сепак, успеа вториот сервис на Алкараз да го одзеде и да израмни на 2:2 во гемови и потоа врза два гема по ред за 4:2. Младиот Шпанец возврати и се врати во игра, за Надал во десеттиот гем повторно да направи брејк за водство од 1:0 во сетови.

Во вториот сет, подобар беше Алкараз, од четвртиот до деветтиот гем, двајцата Шпанци направија пет брејка по ред, но последниот го направи Алкараз кој потоа со сигурен сервис успеа да израмни на 1:1 во сетови.

Третиот сет и патникот во финалето го одлучи само еден брејк кој се случи во осмиот гем. Надал успеа да го одзеде сервисот на Алакараз за водство од 5:3 и потоа својот сервис го освои со нула за заверка на пласманот во финалето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот