Нада Топчагиќ итно примена во болница, нејзиниот сопруг се огласи за состојбата на пејачката

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Пејачката на народна музика Нада Топчагиќ поради болки е задржана во болница.

Како што претходно извести српски „Телеграф“, Топчагиќ синоќа била примена во Ургентниот центар, а лекарите решиле да ја задржат за да ги направат потребните тестови.

Топчагиќ се пожалила на болки во пределот на стомакот, но сè уште не е утврдено што ги предизвикало.

Нејзиниот сопруг Златко Ѓорѓевиќ ја потврди оваа информација за „Телеграф“:

– Синоќа е примена на Ургентен, не ни знаеме што се случило. Таа се пожали на болки во стомакот, поради што одлучија да ја задржат во болница на детални прегледи. Ги чекаме резултатите – изјави Златко Ѓорѓевиќ.

Откако поминале неколку часа откако оваа информација стигна во јавноста, Златко повторно се огласил и открил дека се слушнал со сопругата.

– Се слушнав сега, пред пет минути со неа, не е толку лошо. Утре ќе имам повеќе информации, сега сум со децата, добро се. За да не претпоставувам што е во прашање, кога ќе стигнат резултатите ќе разговараме за тоа – изјави Златко за „Пинк“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот