Фото: EPA-EFE/FOCKE STRANGMANN

Над 420 случаи на сексуално насилство од свештеници во најмалата епархија во Германија

Студија за сексуална злоупотреба во Католичката епархија Есен, Германија документираше 423 случаи на сексуална злоупотреба, многу повеќе отколку што претходно што се мислеше.

Институтот ИПП, со седиште во Минхен, идентификуваше 201 виновник, главно свештеници од областа и други епархии. Во извештајот, за чија изработка беа потребни три години, анализирани се сите лични досиеја, вклучително и тајните досиеја, од основањето на епархијата во 1958 година. Истражувачите направиле бројни интервјуа со жртви, експерти и водачи на епархијата.

Независната студија првенствено се занимава со условите и околностите кои го овозможиле сексуалното насилство на свештениците, во некои случаи во текот на многу години.

– Злоупотребата не е само проблем за сторителите, туку системски проблем во црквата, изјави локалниот бискуп Франц-Јозеф Овербек непосредно пред објавувањето на извештајот.

Епархијата Есен, со околу 720.000 католици во регионот Рур и Зауерланд, се опишува себеси како најмалата епархија по површина во Германија.

Од 2020 година, познато е дека 99 лица во епархијата биле жртви на сексуална злоупотреба, а тогаш биле обвинети 63 свештеници.

Од 1950 година пак досега најмалку 4.815 малолетници биле жртви на сексуално насилство во Португалската католичка црква, се наведува во извештајот на независната комисија која испитала повеќе од 500 сведоци во текот на едногодишната истрага.

Тие сведоштва ни овозможија да дојдеме до многу поголем број жртви, пресметавме дека има најмалку 4.815, изјави координаторот на Комисијата и детски психијатар Педро Стрехт за време на презентацијата на финалниот извештај во Лисабон.

Скандал во Португалската католичка црква: Најмалку 4.815 малолетници биле жртви на педофилија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот