Над 40% од жените во Македонија трпат насилство

Фото: Кабинет на претседател на РСМ

„Според последните податоци кај нас, 45% од жените изјавиле дека доживеале насилство во некоја форма; најчесто физички, ментално, емоционално, честопати премолчено и поттиснато, со чувство на беспомошност“, рече сопругата на претседателот, г-а Елизабета Ѓоргиевска.

Ова го покажува истражувањето на Министерството за труд и социјална политика во соработка со Британската амбасада и Фондот за население на обединетите нации, кое беше презентирано на денешниот настан „Има помош за живот без насилство“.

Пред две години е донесен Законот за спречување и заштита од насилство врз жените  и семејното насилство кој е целосно усогласен со одредбите од Истанбулската конвенција. Целта на законот е да биде проширен системот на превенција и заштита на сите облици на родово базирано и семејно насилство.

За жртвите на семејно насилство постојано е достапна Националната бесплатна мобилна СОС линија 141 700. Случаите можат да ги пријават во најблиската полициска станица или до надлежниот Центар за социјална работа.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот