Граничен премин „Богородица“ / Фото: илустрација / Слободен печат

Над 20 илјади граѓани празничниот викенд го поминаа во странство

Над 20 илјади македонски граѓани го поминаа празничниот викенд во странство. Министерството за внатрешни работи уверува дека во функција се ставени сите човечки и технички капацитети за забрзување на протокот на патници.

На граничниот премин „Богородица“ денес во земјата влегле 1.224 граѓани, а од неа излегле 7.954 граѓани. Што се однесува на странските државјани, во истиот период, во нашата земја влегле 3.098, а ја напуштиле 2.708. На граничниот премин „Блаце“ од вчера до денес, влегле 1.979 македонски граѓани, додека 3.040 ја напуштиле земјата. Што се однесува на странските државјани, во истиот период во земјава на ГП „Блаце“ влегле 6.339 македонски државјани, додека 4.430 излегле, изјави Гоце Андреевски, портпарол на МВР.

Традиција е речиси секој продолжен викенд голем дел од македонските граѓани да го поминуваат времето во странство. Километарски колони и повеќечасовно чекање беа забележани на граничниот премин „Богородица“ кон Грција, каде голем број граѓани се упатија за продолжениот викенд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот