Националната галерија во чест на Лазар Личеноски: 120 години од раѓањето на нашиот голем уметник

facebook
Извор: Национална галерија / Facebook
Денеска се навршуваат 120 години од раѓањето на еден од највлијателните уметници на македонската ликовна уметност, големиот Лазар Личеноски.
Лазар Личеноски е роден на 26.03.1901 во Галичник а умира на 10.04.1964, Скопје. Во 1925 година дипломирал на Уметничката школа во Белград, Србија. Потоа во 1927 година го завршил Академскиот курс во класата на Милан Миловановиќ, исто така во Белград, каде живеел до 1945 година, а потоа се преселил во Скопје.
Facebook
Извор: Национална галерија / Facebook
Личеноски престојувал и во Париз, Франција, каде специјализирал ѕидни техники во атељето на сликарот на фрески Марсел Леноар и кај професорот Пол Бодуен во Школата за применета уметност, Академија Гран Шомие и атељето на Андре Лот. Работел како професор во Уметничкото училиште во Скопје. Бил професор и директор на училиштето за применета уметност во Скопје, дописен член на САНУ итн.

Добитник е на голем број награди и признанија од областа на уметноста. Остварил голем број самостојни изложби и учествувал на многу групни изложби во земјата и во странство.

facebook
Извор: Национална галерија / Facebook
Во февруари 2015 година, куќата на Личеноски, која се наоѓа во подножјето на Скопското кале, станува државна сопственост и е доделена на Националната галерија.

Личеновски се смета за еден од втемелувачите на ликовниот живот во Македонија. Тој е еден од најавтентичните сликари на македонскиот пејзаж, а меѓу неговите најпознати дела се „Бачила“,  „Долап“, „Афионски полиња“, „Охридски рибари“, во кој внесува и фоклорни елементи.

facebook
Извор: Национална галерија / Facebook
За сликарството на Личеноски е специфичен македонски амбиент, а неговата преокупација во сликите е човекот во моментот на некоја работна активност, на пример, претстави на рибари, бачила, дрвосечачи.
Лазар Личеноски спаѓа во првата група современи македонски ликовни уметници. Заедно со Димитар Пандилов – Аврамовски и со Никола Мартиноски го означува почетокот на современата ликовна уметност во Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот