Фото: centralbanking.com

Национална банка на Албанија: Од дијаспората лани се слеале 673 милиони евра во земјата

Минатата година, и покрај пандемијата и последиците кои ги предизвика, албанските иселеници не ги заборавиле своите најблиски во родниот крај. Податоците објавени од Централна банка на Албанија потврдуваат дека дијаспората лани испратила вкупно 673 милони евра, што е благо намалување од само четири отсто, споредно со претходната година.

– Чувствително намалување е забележано во второто тромесечје, април – јуни, кога Европа беше скоро целосно изолирана, кога дознаките бележат намалување од 35 отсто на годишно ниво. Но, затоа пак дознаките се зголемија во третото и посебно во четвртото тромесечје за 6,5 отсто, односно за 11,5 отсто и речиси целосно го компензираа падот во второто тромесечје, наведува банката.

Според истиот извор, Италија и Грција и натаму се главните канали на дознаки, поради големиот број иселенци кои живеат и работат во овие земји. Но, во последниве години, приливот се зголемува од земјите каде што и бројот на албанските иселеници се зголемува, главно во Велика Британија и особено во Германија.

Трендот на дознаките во последните три децении е различен. Највисок износ е забележан во 2008 година по што почнува опаѓање на износот на дознаки повеќе од една деценија, поради фактот што иселениците почнаа да ги прекинуваат врските со татковината, формирајќи семејства во земјата каде што работат.

По падот на тоталитарнот режим, за три децении, околу 1,64 милиони албански граѓани или 36 отсто живеат и работат во странство, главно во Грција, Италија, Германија, САД, Канада, Велика Британија и Швајцарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот