Начевски за Скопски агол: Време е „Дрисла“ да стане вистинска санитарна депонија

„Советот на град Скопје додели на депонијата Дрисла 20 милиони денари заради потешкотии на работењето на Јавното претпријатие. Средствата се за сервисирање на тековни обврски и за да не дојде до прекин во работењето“, изјави за Скопски агол на „Слободна ТВ“ директорот на Јавното претпријатие Дрисла Коста Начевски.

Тој вели дека имало ситуација и платата да ја сервисираат.

„Дента кога го направив примопредавањето со поранешниот директор Горан Ангелов истиот ден дојдоа три блокади од три фирми. Тоа значи дека парите наменски ќе се трошат“, додаде Начевски.

Начевски вели дека идејата е депонијата ја насочат да стане вистинска санитарна депонија, каде Скопјани ќе бидат спокојни и мирни дека она што ќе се третира од скопскиот отпад во „Дрисла“ ќе се третира адекватно согласно сите ЕУ директиви.

Главен приоритет ни е да инсталираме линија за собирање на депонискиот гас, негова преработка и производство на електрична енергија со што би се стекнале со зелена енергија со одлична тарифа. Така депонијата би станала ликвидна“, вели тој.

Начевски рече дека вториот приоритет е селектирање на ПЕТ амбалажата што е 7 илјади на годишно ниво, а третиот проект е прочистителна станица за третирање на депониските води и останатите флуиди кои имаат право да ги третираат во депонијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот