На Заев му било забрането од Сејдини да се сретне со македонските репрезентативци

Фото: facebook.com/zaevzoran

Премиерот Зоран Заев во интервјуто за телевизија „Клан“ откри дека му било забрането од претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) да се сретне со македонските репрезентативци.

Заев сепак најавува дека ќе има средба со избраниците на селекторот Игор Ангеловски во Владата на Македонија.

Заев нема ништо против првиот човек на македонскиот фудбал, Муамед Сејдини, но треба да ги почитува законите, во овој случај Законот за спорт, и воедно кој и како избира раководство на федерацијата.

Вели дека ФФМ е заробена од актуелниот претседател и дека не може раководството да го бираат делегати од општински фудбалски организации (ОФС), а да не го прават тоа членовите на фудбалските клубови.

Заев упатува апел до челниците од ФФМ да се почитува Законот, а не да се работи на своја рака.

Во меѓувреме Фудбалската федерација на Македонија реагираше дека моментно не е во можност да организира било каков прием за поединци или лица од државни институции од причина што одговорноста за заштита на фудбалските репрезентативци е огромна и мора да се почитува доследно затоа што последиците се големи.

Јонузи: Непочитувањето на мерките може да го загрози учеството на Македонија на ЕП

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот