На Вучиќ, Мароканците му се браќа

Фото: Твитер/принтскрин

Александар Вучиќ, претседателот на Србија, во гостувањето на РТС објави дека во саботниот меч за бронзата на Светското првенство Катар, ќе навива за селекцијата на Мароко.

„Не знам за кого ќе навивам во финалето, но уште сега можам да ви кажам дека во мечот за третото место ќе го бодрам Мароко. Тоа се наши вистински браќа, кои никогаш нема да го признаат Косово бидејќи и тие имаат сличн проблем со Западна Сахара. Сега ќе ми кажете декацел Нови Пазар навива за Мароко, а јас треба да кажам дека нема да навивам за нив бидејќи се муслимани? Па тие се наши браќа, пријатели“, истакна Вучиќ.

Тој обелодени дека навивал против Хрватска и на полуфиналниот дуел со селекцијата на Аргентина.

„Почитувам сечие мислење. Одете во Хрватска на море, јас нема да го прават тоа, слободно навивајте за Хрватска, ве има некои 11-12 проценти, јас нема да го правам тоа. Честитки за големиот успех, но јас и во полуфиналето навивав за Аргентина. Да бидам искрен, на сите натпревари навивав потив Хрватска, така ќе биде и во иднина и никој не може да ми го забрани тоа и секогаш ќе го кажувам она што го мислам“, прокоментира српскиот претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот