На Вардар му „лежат“ тимови од Турција (ВИДЕО)

фото: ФК Вардар

Во текот на првото полувреме Вардарци имаа две одлични шанси, најпрвин Аврамовски биеше за малку високо над голот со лоб удар, а потоа Ибиши кој се обиде со глава, но и тој од пет метри биеше само над голот на противникот.

Стрелец на единствениот гол беше Џемал Ибиши во 55 минута од средбата. Погодокот можете да го погледнете на видео записот, но токму во тој решавачки момент преносот, односно „стримот“ кој го реализираше Касимпаша не беше најдобар и не се гледа јасно како е реализиран голот, но се претпоставува дека е од непосредна близина. Како и да е, победа на крајот за Вардарци кои во позитивна атмосфера ќе го очекуваат стартот на новата сезона во домашното првенство.

Вардар дуелот го започна во следниот состав: Гачевски, Серафимов, Новак, Жуниор, Тошевски, Брдаровски, Најдовски, Мицевски, Цветаноски, Аврамовски и Ибиши.

Претходно во претпоследниот контролен меч на подготовките „црвено-црните“ славеа со 2:1 над словенечкиот второлигаш НК Рогашка (2:1).

Воедно немаа среќа фудбалерите на тренерот Александар Васоски со овие тест мечеви, два од нив беа прекинати поради лошите временски услови. Со Дравиња мораше да биде прекинат мечот во 60 минута, а против Ал Аин на паузата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот