На „Ленинова“ се уредуваат тротоарите, пешачките и велосипедските патеки

Фото: Општина Центар

На улицата „Ленинова“, чија реконструкција започна пред повеќе од три месеци, во моментов се работи на тротоарите, пешачките и велосипедски патеки, се оформува зеленилото и се изведуваат резидентните паркинзи.

Од Општина Центар информираат дека веќе е поставена атмосферската, водоводната и фекалната канализација, кабловската мрежа е спуштена под земја, се отстрануваат старите дрвени бандери и се ослободуваат тротоарите.

Се поставуваат бехатон плочки на пешачките патеките, финишира изведбата на велосипедските патеки, се оформува урбаното зеленило и се работи на изведба на резидентните паркинзи. Досега готови се 70% а краен рок за завршување на реконструкцијата на улицата е средина на јули – велат од Центар.

Оттаму додаваат дека со оваа реконструкција Центар им излегува во пресрет на граѓаните, кои со години бараа да се реконструира овој дел од улицата. По реконструкцијата, граѓаните ќе добијат улица со нов лик и повеќе зеленило, нови тротоари, резидентен паркинг по цела должина на улицата, нова урбана опрема и еколошки ефикасно ЛЕД улично осветлување. „Ленинова“, како што тврдат, ќе биде безбедна и квалитетна улица, изведена во согласност со сите современи стандарди за функционалност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот