На трката „Halk Velo Green“ собрани 184 500 денари за пошумување

Со финансиските средства кои беа собрани од ланското учество се набавија 8000 дрвја, со што беше направено пошумување во Свети Николе / Фото: „Halk Velo Green“

Вкупно 233 велосипедисти учествуваа на велосипедската трка „Halk Velo Green“, која на 8 септември беше организирана од страна на Халкбанк АД Скопје. Велосипедистите преку плаќање котизација дадоа свој придонес за собирање на 184 500 денари, наменети за пошумување на локација каде што има потреба од истото.

Како што информираат од Халкбанк, овие средства од котизациите од пријавите за учество во трката, ќе бидат искористени за засадување на нови зелени површини на локации низ државата кои ќе бидат дефинирани во соработка со Македонски шуми.

Со финансиските средства кои беа собрани од ланското учество се набавија 8000 дрвја, со што беше направено пошумување во Свети Николе.

Велосипедската трка се одржа вторпат, а има за цел да промовира здрави животни навики кај населението и да придонесе кон зачувување на животната средина.

Годинава, за учество во „Halk Velo Green“ првпат беше воведена категорија за деца од 6 до 12 години кои возеа 12 километри, како и категорија деца од 13 до 17 години кои возеа патека во должина од 22 километри. Возрасните лица, како и лани возеа патека во должина од 22 километри во две категории, ПРО и ХОБИ.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот