Фото: EPA/VINCE MIGNOTT

На Тотенхем му е доволен и бод за опстанок во Премиер лигата

Денеска од 17.00 часот ќе се играат натпреварите од последното 38 коло во Премиер лигата по кое ќе дознаеме уште еден клуб кој ќе остане во елитата и следната сезона, а кој се сели во понизок ранг, односно Чемпионшип.

Од претходно е познато дека Премиер лигата ова лето ќе ја напуштат Барнли и Вулверхемптон, а во трката за опстанок останаа екипите на Тотенхем и Вест хем.

Моментно Тотенхем е на 17 место со 38 бодови, два повеќе од Вест хем на 18 позиција во опасната зона за испаѓање.

На играчите предводени од тренерот Роберто Де Ѕерби и е доволен бод на дуелот против Евертон за да останат во Премиер лигата.

Од друга страна, фудбалерите на Нуно Еспирито Санто мора да одат на победа дома против Лидс, а за останат во елитата потребно им е Тотенхем да загуби пред своите навивачи од Евертон.

Во случај на ист број бодови, Тотенхем да ремизира, а Вест хем дојде до победа, гол-разликата е на страната на тимот на Де Ѕерби. Тотенхем има убедлива предност од 12 гола во гол-разликата (-10 во споредба со -22 на Вест хем).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот